Број на текстови објавени денес: 84
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Тони Михајловски побара слобода за Игор Југ!!!

toni-shanac

Актерот Тони Михајловски, кој беше и дел од иницијативата „За заедничка Македонија“, преку својот фејсбук-профил побара слобода за притворениот Игор Југ.

Михајловски постави фотографија на својот профил, со транспарент на кој пишува „Слобода за Игор Југ“.
Југ вчера беше уапсен поради обвиненијата за учество во толпа на 27 април при упадот во Собранието на Република Македонија, кога беа нападнати пратениците од актуелната власт и присутните новинари.

Според разузнавачот Горан Живаљевиќ, припадник на српска БИА во Македонија, целта на присуството на Игор Југ во Собранието на 27 април била да го ликвидира сегашниот премиер, Зоран Заев.
Моментално на Фејсбук постои и група со над 1000 членови, поддржувачи на Југ, кои бараат негово ослободување.