Број на текстови објавени денес: 69
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Титовиот брод „Галеб“ ќе стане музеј (ВИДЕО)

галеб

Бродот „Галеб“ на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито се реновира со пари од европските фондови за да стане  музеј. Со постоечката опрема тука ќе бидат бројни документации, фотографии, видеа и итерактивна содржина.

Сега на бродот се е старо, меѓутоа наскоро целиот брод ќе биде обновен. Она што е интересно е дека овој брод музеј ќе биде целосно прилагоден на слепи лица и лица во инвалидски колички.

„Галеб“ е изграден за потребите на фашистичка Италија, бил италијански па германски воен брод, кога е и потонат.

По втората светска војска станува познат како Титов брод, но и школски брод на Југословенската воена морнарица.

Речиси да нема странски државник кој по официјално доаѓање во Риека не прашал за Галеб. Сепак градоначалникот на Риека е мета на критики, на него годишно одат половина милион куни државни пари.

-Очигледно е дека  „Галеб“ на многумина им пречи, а мене ми е драго дека тој со својата историја не и пречи на ЕУ, ниту на министерстава кои учествувале во проценка на овој проект. Бродот е заштитен како трајно културно добро на Република Хрватска и секако наша обврска е да се грижиме за него- изјави градоначалникот на Ријека, Војко Оберснел.