Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Телохранител на Вељаноски и агенти на УБК учествувале во крвавиот четврток

download(1775)

Тројца агенти на Управата за безбедност и контраразузнавање, осум припадници на Бирото за јавна безбедност и еден телохранител од Шестата управа на МВР, кој бил задолжен за личната безбедност на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, се првите 12 полицајци кои вчера добија отказ.

Внатрешната контрола на МВР со материјални докази утврдила дека тие директно биле дел од насилствата кои се случија на крвавиот 27 април годинава, кога во зградата на Собранието, насилници крвички претепаа низа пратеници, а најтешко минаа Зијадин Села, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Оваа група, како што дознаваме, е првата од низата која што директно учествувала во насилниот инцидент. Целиот видео-материјал од безбедносните камери во и околу Собранието, изјавите на сведоците, како и снимките од телевизиските камери и телефонските снимки и други докази веќе се доставени до Јавното обвинителство на Македонија.