Број на текстови објавени денес: 69
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Суспендирани нови 15 припадници на МВР

sobranie-5

МВР суспендираше нови 15 припадници коишто на 27 април во Собранието не дејствувале професионално, објави Алсат-M. Меѓу нив е и помошник-министерот ангажиран за телекомуникации, Небојша Стајковиќ, кој ќе сноси одговорност за нефунцкионирањето на тетра-системот за снимање на командите во главните управи во МВР, како што се УБК, Бирото за јавна безбедност и шесттата управа.

Неколку дена по крвавите настани, МВР суспендираше шест полициски припадници, меѓу кои и Оливер Поповски, началник за превенција, Марјан Митевски, началник на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Сашо Милошевски, инспектор за кој било констатирано дека ги спречил полицајците да формираат кордон.

Меѓу суспендираните беа и Мите Михајлов, инспектор во СВР Скопје и Абдулфетах Алими, вработен во шестата управа, кој го спаси лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села.

Бројот на суспендирани полициски службеници се очекува да се зголеми откако ќе се заврши составувањето на извештајот на Внатрешната контрола во рамки на МВР, кој се очекува да биде финализиран наредната недела.