Број на текстови објавени денес: 81
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Стоилов: Се надевам дека со помош на навивачите ќе ја победиме Барселона

stoilov-ne-letame-igrame-i-se-borime-za-sekoja-pobeda-14183-640x452

Актуелниот европски ракометен првак Вардар во сабота во СЦ Јане Сандански од 17.30 часот го пречекува поранешниот повеќекратен првак Барселона во 5. коло од хрупната фаза на Лигата на шампиони.
Ова е трет меѓусебен натпревар на Вардар и Барселона годинава. На полуфиналето од Ф4 во Келн, победи Вардар, а во полуфиналето на Супер Глоуб подобра беше Барселона.

„Играме против Барселона, најголем противник во групната фаза. Тие имаат добри играчи со искуство, знаат како да играат вакви натпревари, мора одбраната да функционира на вистинско ниво ако сакаме да победиме. Голманот Перез де Варгас е голем адут на Барселона, тој според мене е многу добар голман и треба да бидеме концентрирани во нападот. Мора да добиеме поддршка од трибините, бидејќи двете екипи се на исто ниво и затоа очекувам многу тежок натпревар, но верувам во тимот и во нашите навивачи и мислам дека имаме шанса за победа, вели Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

Вардар како европски првак на секој натпревар влегува како фаворит, и сите екипи играат максимално против „црвено-црните”. Против Барселона составот на Вардар ќе биде комплетен. Во составот ќе биде и Игор Карачиќ кој веќе неколку денови тренира со екипата.
„Барселона е една од најдобри екипи во светот. Оваа година ни го нанесоа единственот пораз на Супер Глоуб турнирот, па се надевам дека ќе го смениме впечатокот и ќе ги победиме на домашен терен. Немаме повредени играчи, сите се желни и подготвени за победа. Се надевам со помош на навивачите дека ќе ја оствариме посакуваната цел. Оваа година немавме проблеми во нападот само против Пик Сегед. Не ги користевме чистите шанси и тоа мораме да го поправиме. Секогаш на нашите натпревари противничкиот голман е најдобриот на терен. Уште минатата година екипите започнаа да не респректираат, а оваа сезона мислам дека добро се носиме со титулата шампиони”, истакна Стојанче Стоилов, капитенот на „црвено-црните”.