Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Средба на Заев со претставници на германската фондација Фридрих Еберт

zoranzaev_pes3-640x359

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вчера се сретна со Милан Живковиќ и Нита Старова, претставници на Канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт од Германија, во Македонија.

На средбата, од страна на претставниците на Фридрих Еберт се поздравени отворените инклузивни политики на премиерот Заев и на новата Влада во демократските промени во општеството.

Претседателот на Владата, Заев, изрази благодарност на Фондацијата Фридрих Еберт којашто придонесува активно во демократските процеси во Република Македонија.

На состанокот е договорено продлабочување на соработката на институционално ниво. Разгледана е можноста за потпишување меморандум за соработка помеѓу Фондацијата Фридрих Еберт и Владата на Република Македонија. Целта е придонес на Фондацијата преку искуствата што ги има во Македонија, како и на експертско ниво во зајакнување на капацитетите на институциите во земјава во областа на образованието, трудот и социјалните политики, надворешната политика, културата, како и други значајни сфери значајни за квалитетен живот на граѓаните во Република Македонија и во насока на исполнување на условите за евроинтеграциските процеси во државата.
„На Република Македонија и се потребни организации и фондации како што е Фридрих Еберт, коишто сакаат и можат да помогнат Република Македонија да се гради во европско демократско општество и Владата подава рака за соработка и благодари на поддршката и интересот“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со претставниците на Фридрих Еберт, Живковиќ и Старова.