Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај

%d1%80%d1%85

Министерството за правда на Србија денеска до француските правосудни органи испрати барање за екстрадиција на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, јави ТАНЈУГ.

Покрај барањето за екстрадиција, испратена е и документација преведена на француски јазик, врз чија основа француското правосудство ќе одлучи за исполнување на условите за испорачување на Харадинај во Србија.

Харадинај минатата среда беше приведен на аеродромот Милуз во францускиот дел на Базел, врз основа на потерница издадена од Србија во 2004 година и од тогаш се наоѓа во притвор.

Тој во Србија е осомничен за воени злосторства против цивилното населени во Дукаѓини во 1998 и 1999 година, кои не се опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал, од кое тој е правосилно ослободен.