Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

СПОМЕНАР (ВИДЕО)ВО ЧЕСТ НА ДИМИТАР МАСЕВСКИ

масевски

Да се потсетиме на нашите легенди кој веќе не се помеѓу живите , но она што го оставија позади себе ,остануваат бесмртни,безвременски личности.Како редакција ја имавме таа чест да го направиме последното интервју со македонската музичка легенда Димитар Масевски (6 мај 1937, Скопје – 23 мај 2015) — македонски композитор и музички продуцент, кој се смета за еден од основоположниците на македонската забавна музика.Во текот на својата музичка активност, Масевски има продуцирано околу 2.000 композиции, a nапишал голем број детски песни, како и музика за телевизиски серии и театарски претстави. Негови најпознати и антологиски композиции се: „Љуби ме, љуби Мирјанка“, „Малечка гулабице“, „Бела хризантема“, „Молчи љубов моја“, „Гриша“ итн. Притоа, тој е авторот на композицијата „Последна солза“, која ја пеела Блага Видец и која претставува првата забавна мелодија испеана на македонски јазик. Масевски е автор на првата детска песна на македонски јазик „Рингишпил“, а компонирал и музика за тв-серии и театарски претстави. Во 21 век, Масевски започнал да компонира новосоздадена фолклорна музика. Тој бил еден од организаторите на обновениот „Скопски фестивал“, кој во знак на неговото творештво, во 2014 година му ја доделил наградата за животно дело, Свети Климентова награда за животно дело.Автор е и на анхтологиската песма „Замногу години Македонци“,која ја испеа дуетот Томовска-Петрески.Да се потсетиме на последното интервју на легендарниот Димитар Масевски.