Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Спасовски: „Крвавиот четврток“ е дело на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и МВР

18618671_10154763615387499_2051323512_o

Македонија треба да биде отворена за соработка со ЕУ и САД за да се подобри состојбата во земјава, оцени денеска пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во денешната дебата со Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистината“ на Канал 5.

Спасовски рече дека Македонија има силна поддршка од меѓународниот фактор кој помогна да се реши кризата во земјава.

Нагласи дека партизацијата на системот во Македонија им „бодел“ очи на меѓународниот фактор, а рече дека тука спаѓа и проектот „Скопје 2014“ како и преименувањето на некои објекти во земјава.

– Вие гледате какви циркузи ни се случуваат сега во судството, јас тоа го нарекувам „Грујовизација на судството“. Јас се согласувам дека за виталните прашања ќе треба заедно да се разговара – рече Спасовски.

За идејата на Иванов за амнестија на тие што тепаа пратеници е за размислување, но тоа, рече тој што се случи тој кобен ден не треба да никогаш да се повтори, нагласи Тодоров.

Тодоров оцени дека треба да се соработува со меѓународната заедница, но таа не смее да ги контролира внатрешните процеси. Тој рече дека меѓународниот фактор е дел од цикличните кризи кои се случуваат и затоа Македонија тапка во место.

Спасовски пак рече дека откако на власт е ВМРО-ДПМНЕ се случиле два крвави инциденти, првиот кога пратениците и новинарите беа исфрлени од Собранието и најновиот е „Крвавиот четврток“.

– Во ниту еден момент такво нешто никогаш не смее да се повтори. Ние се сомневаме дека тоа беше организирано од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и од МВР, помош имаа од дел од пратениците и имаше умисла за ликвидација на некои пратеници. Имаше човечки однос од Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров кои ни помагаа. Тоа е за чест. Но, ваков влез во Собранието е обид за рушење на уставниот поредок на Македонија – нагласи Спасовски.

Тодоров изјави дека настанот воопшто не бил организиран од неговата партија.