Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Совршено рамна коса ќе биде хит во 2018

Vestichka-foto-ramna-kosa

Ако следната сезона сакате да промените нешто на себе, тоа нека биде фризурата. Хит следната година ќе биде совршено рамна коса, којашто веќе ја прифатија бројни познати дами.

Со совршено рамни прамени веќе може да се видат славните жени на разни пригоди, како што Алесандра Амброзио, Мила Кунис, Рита Ора и Никол Кидман.
Иако изгледа како многу едноставна фризура за правење, жените треба да имаат на ум дека ќе биде потребно малку повеќе да се потрудат за секое влакно да биде на свое место. Потребни се добра четка за коса, внимателно фенирање и преса за коса, како и производи што фризурата ќе ја задржат во таква состојба.

Фризурата е одлична и за долга, средно долга и за кратка коса.