Број на текстови објавени денес: 32
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Снегот во Центар се чисти нон-стоп, до 8 часот фрлени 14 тони сол

sneg29

Екипите на општина Центар од раните утрински часови излегоа на терен и го чистат снегот по улиците и тротоарите, кои се во надлежност на општината.

На улиците оперираат четири специјални возила-камиони и тоа соларки со нож и соларка за чистење на снег. На приоритетните места се вклучува и специјална машина за рачно чистење на голомразни површини У трово, од 3 часот до 8 часот фрлени се 14 тони сол.

Нема застој на сообраќајот по улиците и граѓаните можат нормално да се движат. Екипите ќе работат нон-стоп додека налагаат временските услови.

Општината има набавено 250 тони сол и има ангажирано фирма за одржување на коловозите и тротоарите во зимски услови на улиците .

Општина Центар ги известува сите сопственици, односно корисници на јавни објекти, веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите