Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Словенечкиот претседател Борут Пахор ќе пешачи низ Словенија една недела

пахор

Словенечкиот претседател Борут Пахор вчера започна авантура во чии рамки планира една недела да пешачи низ Словенија, при што негова последна станица ќе биде Пиран.

Пахор и неговата мала екипа, во која се синот Лука и две претставнички за односи со јавноста, тргнаа многу расположени со ранци на грбот вчера попладне од Ходош, близу границата со Унгарија, а секој ден планираат да минуваат по околу 40 километри се додека не стигнат до морето.

Во Пиран планираат да стигнат в понеделник, затоа што Пахор како што официјално објави, во вторник има службени обврски. За разгледување на словенчкиот пејзаж и за средби со граѓаните, од кои очекува поддршка на претстојните претседателски избори, Пахор користи годишен одмор.

Пахор сам призна дека станува збор за предвремена предизборна кампања, па попратно објавува фотографии на социјалните мрежи.

Мандатот на Пахор истектува кон крајот на оваа година, а точниот датум на новите избори треба да биде објавен в петок. Пахор во овој момент е фаворит за победа на изборите.