Број на текстови објавени денес: 1
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

СЗО: За три недели од колера во Јемен починаа 242 лица

колера јемен

Во последните три недели во Јемен се регистрирани над 23 илјади случаи на лица заболени од колера, од кои досега починале 242, соопшти денеска специјалниот пртставник на Светската здравствена организација (СЗО) за оваа арапска држава, Невио Ѕагарија.

– Во последните три недели заболеа 23.425 лица, а починаа 242 – нагласи Ѕагарија, додавајќи дека болеста досега е регистрирана во 18 од вкупно 23-та јеменски провинции.

Тој нагласи дека првите случаи на колера во Јемен биле регистрирани лани во октомври, но оти во текот на декември бројот на заболени почнал да се намалува.

Сепак, како што нагласи Ѕагарија, од крајот на април се бележи нов пораст на епидемијата со што ситуацијата станува „крајно вознемирувачка“.

Според податоците на СЗО, од октомври, па заклучно со 17 мај, во Јемен се регистрирани над 45 илјади случаи на колера.

Ѕагарија изјави дека доколку продолжи ваквото темпо во следните шест месеци бројот на заболени може да надмине и 300 илјади.

– Покрај веќе евентираните речиси 50 илјади случаи, во следните шест месеци би можеле да очекуваме уште 200 до 250 илјади новозаболени. Претпоставувам дека сфаќате оти во таков случај цената што ќе ја платиме во човечки животи ќе биде исклучително висока – порача Ѕагарија.