Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Се капела со буркини во базен, ја исфрлиле и платила чистење 440 фунти

burkini

Жена со муслиманска вероисповед била на одмор во близина на Марсеј, Франција, а управата пред два дена го испразнила базенот и и наплатила чистење, бидејќи се капела во буркини.

Буркини е костим за капење коешто го покрива целото тело и стана предмет на бурна расправа по забраната за носење на плажите, која следуваше поради терористичките напади минатата година.

Францускиот суд ја отфрли забраната за буркини, поради кое полицијата патролираше по плажите за да ги избрка муслиманките или да им наплати казни.

Организацијата за борба против исламофобија ЦЦИГ објавила дека член на персоналот на туристичкиот објект ги замолил гостите да го напуштат базенот, бидејќи жена позната под името Фадила се искапела во него облечена во буркини.

Управата на одморалиштето потоа го повикала нејзиниот сопруг и го замолила до крајот на престојот Фадила повеќе да не го користи базенот. Им доставиле сметка за чистење од 440 фунти.

Фадила изјавила дека е „разочарана, шокирана и повредена од фактот дека некој може толку да полуди поради едно буркини“.