Број на текстови објавени денес: 0
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Селекторот Давитков доби отказ од клубот затоа што ја водеше репрезентацијата на Македонија

jordanco-davitkov-640x427

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков доби отказ од клубот Банијас од Абу Даби, а причината за отказот е неговото враќање во Македонија да ја води репрезентацијата на претквалификациите за ЕП 2021.

„Клубот може да го раскине договорот со мене бидејќи сум бил да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Го почитувам тоа, но сега повторно да одлучувам, одлуката ќе биде иста. Клубови имало многу и уште многу ќе има, но само една е репрезентацијата на Македонија“, напиша Давитков на „фејсбук“.