Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Северна Кореја: 3,5 милиони доброволци се јавиле во вооружените сили

с(19)

Северна Кореја денеска соопшти дека речиси 3,5 милиони работници, членови на партијата и резервисти доброволно се јавиле да и се приклучат на војската во борбата против САД и отпорот против новите санкции на Обединетите нации.

Официјалниот севернокорејски весник „Родонг Синмун“ наведе дека доброволците се јавиле, откако државните медиуми во понеделникот објавија соопштение со кое се осудуваат новите санкции на ОН како одговор на ракетната проба на Пјонгјанг.