Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL

СДСМ: Државниот долг денес е повеќе од 5 милијарди евра

sdsm-sedishte1

Следува период во кој новата влада ќе ги преиспита сите задолжувања што ги направи досегашната власт изминативе години на крајно нетранспарентен начин,“ велат од СДСМ.

Од партијата најавуваат дека ќе биде спроведена и темелна ревизија на сите нетранспарентни трошења на пари на граѓаните од буџетот на државата.

„Никола Груевски и неговите соработници заминуваат од власт оставајќи јавен долг во висина од речиси пет милијарди евра. Пред 11 години, во 2006 година јавниот долг изнесуваше 1,8 милијарди евра. На девизната депозитна сметка Груевски затекна над 250 милиони евра. За сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност. Новата и одговорна влада ќе ја подигне економијата и транспарентно и отчетно ќе раководи со јавните финансии“, стои во соопштението на СДСМ.