Број на текстови објавени денес: 45
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави инфраструктурен пустош

с(20)

Единаесетгодишното коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата. Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција, а пропустите на автопатската делница Демир Капија – Смоквица се уште еден доказ за тоа.

Ова е реакцијата на СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новата влада два и пол месеци не ја пушта во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица.

„Со криминалните тендери, договорените провизии и пропустите во изградбата на автопатите, ВМРО-ДПМНЕ нанесе огромни штети врз граѓаните и врз угледот на Република Македонија. Наспроти таквиот коруптивен и криминален пристап кон инфраструктурата, Владата предводена од СДСМ активно работи на санирање на напластените штети од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на развој на инфраструктурата“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ велат дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка во инфраструктурата помеѓу Македонија и Бугарија, преку целосната санација на наследените штети и преку добиениот грант од 70 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија, Владата предводена од СДСМ го враќа нарушениот углед на Република Македонија и работи на развој, унапредување и модернизација на инфраструктурата.