Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

СВР Тетово расчисти три одвоени случаи на “разбојништво“

mvr(62)

СВР Тетово расчисти три одвоени случаи на “разбојништво“, во кои што е причинета штета на оштетените во вкупен износ од над 470.000 денари, а против три лица се поднесени кривични пријави до надлежното ОЈО.

Во првиот случај кривично пријавен е Р.З. (17) од Тетово, кој што на 18-ти минатиот месец околу 21.30 часот во спортска обложувалница во Тетово, со закана со шрафцигер од вработените одзел 19.300 денари. Во вториот случај, пак, поднесена е кривична пријава против Е.Б. (25) од село Слатино, кој што кривичното дело – “разбојништво“ го сторил на 27.06. годинава околу 03.00 часот во  с. Слатино. Имено, Е.Б. со употреба на погоден  алат влегол во куќата на Ф.Ј. (74)  од с.Слатино и со закана со нож од неа одзел 23.000 денари, по што побегнал.

Во третиот случај кривично пријавен е А.А. (23) од Тетово, кој во текот на јуни годинава влегол во угостителски објект лоциран на месноста викана „Деребој“во Тетово и од таму одзел дел од инвентарот, со што се стекнал противправна имотна корист од околу 430.500 денари.