Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Свечено доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2017 година

files

На 15.11.2017 година (среда), со почеток од 10 часот во х.„Мериот“ ќе се одржи 10-тата јубилејна манифестација Свечено доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2017 година, во организација на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија. Покрај домаќинот на манифестацијата, министерот за економија Крешник Бектеши, на јубилејните награди обраќања ќе имаат Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Самуел Жбогар.