Број на текстови објавени денес: 76

Светска банка ја намали прогнозата за раст на глобалната економија

%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%b011

Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на глобалната економија годинава на 2,7 отсто. Претходно во јунската ланска прогноза банката прогнозираше дека светската економија ќе обезбеди пораст од 2,8 отсто.

И покрај неизвесноста за однесувањето на нјсилната економија во светот по изборот на Донал Трамп за претседател, сепак Светска Банка ја задржа својата прогноза за САД од јуни лани на 2,2 отсто.

Банката очекува Русија и Бразил да излезат од рецесијата, поттикнати од поскапувањето на нафтата, но растот на Кина ќе се забави.

Глобалниот економски раст ќе биде умерено годинава во однос на ланскиот посткризен период.

Во извештајот на Светска банка се вели дека порастот во индустриските земји ќе се зголеми на 1,8 проценти, додека земјите во забрзан подем, благодарение на растечките цени на суровини, ќе имаат пораст од 4,2 проценти.