Број на текстови објавени денес: 69
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Реванш полуфинални натпревари во Лига Европа

ligue-europa

Со одигрувањето на вечерашните реванш дуели од полуфиналето од Лига Европа ќе бидат познати екипите кои ќе играат во финалето на 24 мај во Стокхолм.

По првите дуели предност имаат Манчестер Јунајтед и Ајакс. Манчестер Јунајтед како гостин ја совлада Селта со 1:0 и се очекува пред своите навивачи да го обезбеди своето прво учество во финалето на ова натпреварување.

Во второто полуфинале Ајакс обезбеди солидна предност откако со 4:1 на домашен терен го победи Олимпик Лион, па сега француската екипа доколку сака пласман во финалето ќе мора да постигне висока победа.