Број на текстови објавени денес: 81
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Расте бројот на загинати во пожарите во Калифорнија

h_53825646-640x426

Жешки ветришта се причината поради која пожарите во Калифорнија неконтролирано се ширеа, а временските услови не дозволуваат пожарникарите да се справат со огнената стихија.

Досега е потврдена смртта на 23 лица кои загинаа во пожарите кои започнаа вчера, а најмалку 300 лица се водат како исчезнати. Најмалку 3500 домови и деловни простории се целосно уништени.

Исто така уништени се и големи површини со дрвја и зеленило, а причинета е и огромна материјална штета.
Целосно уништени се и неколку лозја и винарски визби по кои регионот северно од Сан Франциско е познат во светот.