Број на текстови објавени денес: 127
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Рамос до Нејмар: Вратите во Реал ти се отворени

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го искористи незадоволството Нејмар во Париз Сен Жермен да го покани да премине во редовите на европскиот шампион.

– Ние сакаме да ги имаме во нашите редови најдобрите, а јасно е дека Нејмар е еден од нив. Можеби му беше полесно од Барселона прво да отиде во ПСЖ, наместо директно на Реал. Тоа се негови лични одлуки. Никогаш не може да се предвиди што може да се случи. Вратите за него му се отворени да дојде во Реал, имам добар однос со него, изјави Рамос.

Според пишувањата во француските медиуми, Нејмар е во конфликт со тренерот на ПСЖ Унаи Емери, претходно беше во конфликт со Единсон Кавани околу изведувањето на пеналите и слободните удари.

Нејмар оваа година стана најскапиот играч на светот за кого ПСЖ плати 222 милиони евра