Број на текстови објавени денес: 81
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Продолжување на дијалогот со Белград – еден од косовските приоритети

pristina(33)

За Косово во овој момент најважно е итно да ги зацврсти своите нови институции, а еден од нејзините приоритети е продолжување на дијалогот со Белград, изјави министерката за дијалог со Белград во претходната Влада, Едита Тахири, цитирана од косовската радио и телевизија – РТК.

– Косово има план за внатрешни и своите надворешни приоритети, што треба да се решаваат во корист на граѓаните и за зацврстување на владеењето, рече Тахири.

„Дијалогот во Брисел (со Србија) е меѓу оние приоритети и е важен, затоа што е во интерес на мирот, добрососедските односи и евроантлантската интеграција на Косово“, рече Тахири.