Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Прва смртна казна за злосторство од омраза: Осуден расистот кој уби девет Афроамериканци

dylann-roof

Дилан Руф денеска е осуден на смртна казна за убиство на девет луѓе во Чарлстон во Јужна Каролина во 2015 година. Руф уби девет Афроамериканци во црква, а неговото злосторство било поттикнато од расна омраза.

За време на изнесувањето на завршните аргументи на судењето, Руф (22) не покажувал никакво каење поради масакрот. Тврдел дека жртвите не ги убил од омраза.

– Мислам дека никој при здрав памет на сака да оди во црква и да убива луѓе – рекол на поротата.

– Му реков на ФБИ дека морав тоа да го направам, но тоа не е вистина. Не морав. Никој не ме принуди. Она што сакав да го кажам е: чувствував дека тоа морам да го направам. Сè уште тоа го чувствувам – рекол.

„Секој, вклучувајќи го и обвинителството, што мисли дека сум исполнет со омраза не знае што е тоа омраза. Тие не знаат ништо за омразата“, додал тој.

Обвинителството тврдело дека Руф го планирал убиството со месеци, така што прво напишал расистички манифест, и потоа намерно ја нападнал црквата во која најмногу одат Афроамериканци. Потоа купил пиштол марка „Глок“ со 88 куршуми за својот роденден. Објасниле дека 88 е нумерички симбол за „Хајл Хитлер“.

Станува збор за прв случај во кој некој е осуден на смрт поради злосторство од омраза.