Број на текстови објавени денес: 125
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Последните заглавени цистерни со нафта на Евзони влегоа во Македонија

Шесте цистерни кои беа заглавени на граничниот премин Евзони по преговорите на грачката царина и полиција со земјоделците се пуштени да влезат во земјава. Ова се последните цистерни од вкупно 15 кои беа заглавени нао вој премин неколку дена.

– Камоините со друг товар ги пренасочуваме на другите гранични премини, но сè уште има потешкотии бидејќи има големи колони на возила. На Дојран има околу 4 до 5 километри возила – вели Билјана Муратовска од здружението на транспортери „Макамтранс“.

Според неа, новата одлука на Владата за отворање на три други премини за акцизни стоки ќе го олеснат транспортот.

– Ќе мора да почекаме неколку часа да се договорат од двете страни на границата за да може да се реализира побрз проток на возилата – вели Муратовска.

Дополнително, вели таа, за побрз проток на цистерните со нафта и деривати ќе мора да се организираат конвои со одредени маршрути за да се олесни протокот на оваа стока.

По силните реакции на тренспортерите и на компанијата ОКТА која го снабдува македонскиот пазар со нафта и деривати, дека се доведува во прашање работењето на одделни компании поради доцнењето на транспортот на стоките, Владата синоќа одлучи да се овозможи транзит на нафтени деривати и на граничните премини Дојран и Меџитлија.

Владата ја задолжи Царинската управа да обезбеди кадар и останати потреби во логистика кои ќе дозолат нормално функционирање на овие гранични премини. Исто така и МВР доби задолженија според кои треба од нивен аспект да озбезбеди определено прифаќање на овие транспортни средства врз основа на кои овие цистерни кои ќе влегуваат на  премините Меџитлија и Дојран да може да бидат процесуирани до внатрешните царински терминали.