Број на текстови објавени денес: 31
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Попоски до Бушати: Секој да си гледа во сопствениот двор

%d0%bd%d0%bf6

Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потребите на претстојни избори, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, кој коментирајќи ги внатрешните случувања во Македонија, ги нарече Македонците „славомакедонци“.

– Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости – вели Попоски.

Македонскиот министер додал дека Албанија се соочува со доволно проблеми на внатрешен план, на кои треба да се посвети, и дека не верува оти случувањата во Македонија се приоритет за даночните обврзници во Албанија.

 

– Проблемите со правниот систем, борбата со криминалот и корупцијата, основните човекови права и слободи се дел од оние што се идентификувани од Европската комисија кај нашиот сосед, а и на други места. Објективно, сите ние имаме повеќе од доволно домашни проблеми за да се занимаваме со туѓите. Кој како именува некого е веројатно и одраз на почит и воспитување. Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година – порача Попоски.