Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Полицаец повредил двајца малолетници со еден куршум во Струмица

what-gun-to-purchase-consider-9mm-pistol-self-defense

Седумнаестгодишно момче од Радовиш е тешко повреден и е префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, откако попладнево во него пукал полицаец во самоодбрана, кај градската капела во Струмица. Друго 16-годишно момче е повредено во нога.

Момчињата со двајца нивни другари се осомничени за кражба кај браната Мантово, Радовишко и бегале од полицијата со словенечки регистарски ознаки. Биле пресретнети со две возила на земјениот пат кај капелата на струмичките гробишта.

При обидот да биде приведен, момчето од Радовиш го нападнало полицаецот кој испукал еден куршум, што ги погодил двете момчиња, едното во градниот кош, а другото во нога.

Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.