Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Пожар во метро станицата „Оксфорд Стрит“ во Лондон

мет(1)

Лондонската Метрополитен полиција соопшти дека претпладнево избувнал пожар во станицата на подземната железница „Оксфорд Стрит“ во центарот на Лондон, по што сите присуни на станицата биле итно евакуирани.

Пожарот бил регистриран околу 10 часот по локално време (11 часот по средноевропско време), кога на оваа станица која редовно е полна со патници, фреквенцијата е мошне голема.

Противпожарните екипи кои се во коридорите на метрото, засега не соопштуваат што го редизвикало пожарот, но станицата е целата исполнета со густ чад.

Возовите продолжуваат да минуваат низ станицата, но ниту еден не запира.

Засега нема информации за повредени, но четири лица побарале медицинска помош поради вдишување чад, додека две други биле префрлени в болница само како мерка на претпазливост.

Сведоци за лондонските медиуми изјавиле дека најголемиот број од патниците кои биле во станицата биле исплашени, пред се затоа што незнаеле што е причина за пожарот.

Никој не слушнал никаква експлозија пред чадот да навлезе низ подземните ходници, освен што некои од сведоците рекле дека се чувствувал мирис на изгорена пластика.

Полицијата соопшти дека целиот инцидент не го третира како сомнителен.