Број на текстови објавени денес: 31
DVE-LIRI-Baner6-970x90

„Поволна“ цена: Приватната ложа во „Ројал Алберт хол“ се продава за 3 милиони евра

kraljevska-porodica-u-lozi

Приватната ложа во „Ројал Алберт хол“, познатата концертна сала во централен Лондон, се продава за три милиони долари.

– Приватната ложа со 12 места е огласена на продажба за 2,5 милиони фунти (2,88 евра) – рекол менаџерот на Херодс недвижности Николас Шо.

Љубителите на уметноста со подлабок џеб кои ќе се одлучат за купување, ќе добијат прилика да седат покрај британската кралица Елизабета Втора и другите личности од британскиот јавен живот, наведува агенцијата АП.

Според неговите зборови, обврзницата трае 849 години и може да се пренесува од генерација на генерација. Се очекува купецот да биде Британец.

Концертната сала „Ројал Алберт хол“ е отворена во 1871 година во Лондон. Има 5.272 места, од кои 1.300 се наоѓаат во приватна сопственост.

Ложата која е огласена на продажба е оддалечена пет ложи од онаа на кралицата.

Свеченоста на доделувањето на наградите на Британската филмска академија ќе се одржи годинава токму во „Ројал Алберт хол“, а се очекува и доаѓањето на членовите на британското кралско семејство.