Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

ОХРИЃАНИ ГО ЗАМОЛУВААТ БАКРАЧЕСКИ ДА ПРЕКИНЕ СО ЕГЗОТИЧНИ ЛЕТОВИ И ДА ОРГАНИЗИРА ВО ОХРИД НОРМАЛНИ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ

%d0%b4%d1%80%d1%83%d0%b3-%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d1%81%d0%bd%d0%b5%d0%b3

Се замолува Градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачски,да прекине со своите егзотични авионски летови и под наитно да ги организира Јавните претпријатија кои се под општинска капа во справување со невремето.

Во Охрид до овој момент нема ниту едно специјално возило за чистење на снежната покривка , а ниту има на терен специјални возила за посолување на коловозите ?!

Доколку продолжи инертноста на Општина Охрид , до раните утрински часови може дојде до тотална непроодност до приградските населби и селата кој се лоцирани во планиските реони!

Исто така не се обезбедени прифатни центри за бездомниците , кој како и изминативе години по потреба се носат во Општата Болница во Охрид -Интерно одделение,а ниту е организирана нивна исхрана, зошто Црвениот Крст во Охрид ,местото за прифат го претвори во кафетерија!

Македонија (друг)Пат воопшто нема извршено чистење од снег и опесочување на Магистралниот пат Охрид-Свети Наум, ги изненадило??

Редакција Охридскај