Број на текстови објавени денес: 9
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Осамнаа билборди со порака „Нашето име е Македонија“

Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) започна кампања со наслов „Нашето име е Македонија“.

Како што известува самото движење, се бара прекин на сите преговори за името, кои тие ги нарекуваат „расистички“ и „антимакедонски“.
На билбордите и останатиот промотивен материјал, ММДЧП го поставува прашањето „Кој ви даде право да преговарате за моето име и идентитет“.

„Специјалниот претставник на ООН, Метју Нимиц, тврди дека не се преговара за македонскиот идентитет, но преку Договорот со Бугарија, Законот за јазици, јавни изјави на македонски, американски и европски политичари гледаме дека се преговара токму за македонското ИМЕ и ИДЕНТИТЕТ, како директен резултат од преговорите за името. ММДЧП повторува дека сегашните граѓани и политичари на некоја земја немаат право да преговараат за вековен национален идентитет“, се вели во соопштението на ММЧПД.
Според ММЧПД се работи за вештачки наметнат спор кој негативно влијае на животот во Македонија и апелираат веднаш да се прекинат сите преговори.