Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Општина Прилеп: Пожарот кај Трескавец е намерно подметнат, огнот пак се шири

тре(2)

Поголемиот дел од пожарите во Прилепско се подметнати. Утринава жители на Горно Село кое се наоѓа под манастирот Трескавец забележале непознати лица кои се возеле во теренско возило и кои намерно запалиле оган, сега таму беснее голем пожар, соопштуваат од Општина Прилеп.

Исто така попладнево намерно е подменат пожар и во селото Зрзе. Сторителот е веднаш уапсен. Инаку попладнево повторно се активираше и пожарот кој се наоѓа на само неколку стотини метри од манастирот Трескавец. Ситуацијата е алармантна, ветерот е силен и огнот се шири со голема брзина. Локалните власти упатуваат повик секој оној кој што може да помогне во гаснењето на огнената стихија која што му се заканува на ова наше големо светилиште да дојдат под итно на Трескавец.

– Во прилепско имаме повеќе активни пожари. Едне е на потегот кај селото Крушевица, потоа околу селото Бонче, а имавме интервенциија и кај поранешната фабрика „Партизанка“. Се локализираше пожар кај селото Зрзе, а сега се возобнови пожарот под манастирот Трескавец. Исто така имаме пожари околу селата Забрчани и Мраморани. Наши екипи работата постојано на терен, а од јавувања на граѓани имаме сознанија дека има намерно палење, така е со случајот кај селото Зрзе, пожарот кај Горно Село и пожарите во населените места Забрчани и Дупјачани. Имаме сознанија дека подметнувачот на пожарот кај селото Зрзе е фатен, а за потегот пак кај селото Горно Село видени се сторителите како намерно палат и потоа истите избегале со теренско возило –  вели Јосе Јорданоски, командир на одделение во ТППЕ – Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, ги осуди намерните палења на пожарите и упати критика до надлежните државни институции и Владата бидејќи ниту еден нивни претставник овие денови не е дојден во Прилеп за да помогне околу гаснењето на огнените стихии. Ристески денеска на доброволците кои учествуваат кај Трескавец им подели храна и вода.

Попладнево на Трескавец за да изврши увид во состојбата дојде и Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со владиката Климент.