Број на текстови објавени денес: 15
DVE-LIRI-Baner6-970x90

На грчките острови за десет дена пристигнале 337 бегалци и мигранти

migrantiiii

Во првите десет дена од годинава на грчките острови во Егејскoто Море пристигнале 337 бегалци и мигранти.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на Лезбос пристигнале 136 бегалци, на Хиос 91 и на Самос 110 бегалци и мигранти.

На овие три острови во моментов има вкупно 10.935 мигранти и бегалци чии барања за азил се уште не се разгледани.

Во меѓувреме, авионот со кој грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас требаше да замине за Лезбос, се врати во Атина, поради лошите временски услови.

Музалас денеска требаше да го посети бегалскиот камп Морија.