Број на текстови објавени денес: 127
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Најмалку три лица загинаа во вооружен инцидент во Калифорнија

Најмалку три лица загинаа откако непознато лице отвори оган во американскиот град Ранчо Техама, Калифорнија.Полицијата го убила напаѓачот.

Според полицијата инцидентот се случи во близина на основно училиште во 08 часот по локално време.

Во нападот повредени се три лица, од кои две деца и еден 30-годишен маж.

Ранчо Техама се наоѓа на 184 километри северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто.