Број на текстови објавени денес: 81
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Над 90 илјади странски туристи ја посетиле земјава во август

охрид(8)

Над 90 илјади странски туристи ја посетиле Македонија во текот на август годинава. Најбројни, 21.093 биле од Турција, потоа 5.926 од Полска, 4.316 од Романија, 3.739 од Грција, 3470 од Бугарија и 3.257 од Германија, покажуваат податоците на  Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во август 2017 година изнесува 188.758, а бројот на ноќевањата изнесува 766 844.

Во август 2017 година бројот на туристите во однос на  истиот месец лани, е зголемен за 20,4 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,4 отсто.

Бројот на домашните туристи изнесува 98.289 и во однос на август 2016 година, е зголемен за 3,4 отсто, а бројот на странските туристи изнесува 90.469 и е зголемен за 46,5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 1,6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41,9 отсто.

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,8 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6 отсто, а кај странските има зголемување за 22,7 отсто.

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,3 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4,4 отсто, а кај странските има зголемување за 22,6 отсто.