Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Навиките на Трамп во јадењето ќе ве шокираат: Неговата вечера има 2.672 калории ФОТО

tramp-jadenje-640x480

Не е тајна дека американскиот претседател Доналд Трамп сака брза храна. Сепак, неговата типична нарачка во „Мекдоналдс“ и понатаму шокира со бројот на калориите, пишуваат светските медиуми.

Поранешниот менаџер на изборната кампања на Трамп, Кори Левандовски и неговиот заменик Дејвид Боси, ги опишале во својата нова книва „Нека Трамп биде Трамп“ (Let Trump Be Trump) сите претседателски оброци со брза храна и омилените јадења.

Американските медиуми го пренеле делот од најсочните детали од книгата.

Се чини дека апетитот на Трамп не знае за граници кога станува збор за „Мекдоналдс“.

Па така, типична вечера на Доналд Трамп се состои од два хамбургери „биг мека“, 2 рибни филети и чоколаден шејк. Препорачаната доза на калории за постари луѓе, како 71-годишниот Трамп, е околу 2.000 калории. Вечерата на американскиот претседател, меѓутоа, е „тешка“ 2.672 калории и тоа ако земе мал шејк.

Трамп веќе порано зборувал за својата љубов кон „бил мек“ и рибните филети на „Мекдоналдс“.

– Тоа е одлично – рекол Трамп во интервјуто во 2016 година.

Тој исто така истакнал дека му се допаѓа тоа што објектите на „Мекдоналдс“ се чисти.

– Јас сум многу чиста личност. Ја сакам чистотата и мислам дека е подобро да се оди таму отколку на некое друго место каде што не знаете од каде доаѓа храната. Во прашање е стандард – рекол тогаш Трамп.

Во новата книга исто така се опишува како мизофобијата на Трамп (страв од бактерии и инфекции) влијаела на неговите навики во јадењето. Наводно, персоналот на претседателот го наполнил неговиот авион со куп пакети со бисквитите „Орео“, „бидејќи тој не јаде од претходно отворени пакети“.

Тоа, меѓутоа, не важи за неговите други омилени деликатеси – „Виена фингерс“, чипсовите и переците.

Авторите на книгата ја опишале и љубовта на Трамп кон оброците „Кентаки фрајд чикен“ (KFC), пицата (која обично ја јаде со вилушка и нож) и диеталната „кока кола“ – „пијалак кој никогаш ни видел дека некој пие“, како што еднаш навел во „твитот“.

Левандовски и Боси истакнале дека „приготвувањето на оброците и времето на послужувањето за Трамп било еднакво важно како и кој било друг аспект од неговиот марш кон претседателството“. Сите работеле да обезбедат неговата брза храна да пристигне навреме и топла, наведуваат светските медиуми.

 

Američki predsednik voli brzu hranu i čiste prostorije

Фото: Инстаграм