Број на текстови објавени денес: 45
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

МТСП: Реакција на изјавата на Живко Митрески од 11.08.2017 година

mtsp(9)

Во врска со најновата прес конференција на Живко Митревски, на која повторно беа изнесени невистини и неаргументирани изјави, сакаме јасно да нагласиме дека со никакви наводи во Решението за огласување на ништовност бр.08-8191/134 од 4.08.2017 година Министерството за труд и  социјална политика не се меша во слободата на синдикално организирање и слобода на избор, туку постапува според позитивните законски прописи на Република Македонија имајќи ги предид и меѓународните конвенции.

 

И овојпат нагласуваме дека Министерството за труд и социјална политика по службена должност оцени дека решението на претходниот министер Ибрахим Ибраими е ништовно, согласно Законот за општа управна постапка. Детално правно образложение во врска со ова прашање беше доставено  до медиумите во рамки на вчерашната реакција.

 

Исто така, целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања дека министерката Царовска вршела притисок врз Централниот регистар и другите државни органи и во оваа прилика апелираме до сите надлежни институции да постапуваат согласно законските прописи.