Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

МТСП: КСС наместо да даде придонес ги бојкотираше седниците на ЕСС

министерство за трудс(2)

Министерството за труд и социјална политика реагира на денешните обвинувања од Конфедерацијата на слободни синдикати дека не функционира социјалниот дијалог и Економско-социјалниот совет.

Во реакцијата Министерството посочува дека во текот на 2016 и првата половина од годинава одржани се вкупно пет седници, а во втората половина од годинава, односно само за четири месеци, одржани се четири седници.

„Наведените информации укажуваат дека не може да стане збор за нефункционирање на ЕСС, а оттука КСС треба да има предвид дека своите ставови и предлози имаа можност да ги предложат за разгледување на ЕСС, но нивните членови наместо тоа, практикуваа бојкотирање на седниците“, се подвлекува во реакцијата.

Во однос на барањето за зголемување на платите, Министерството укажува дека досегашните решенија биле парцијални, нецелосни и оти предлогот не е на линија на фискална консолидација на среден рок и намалување на јавниот долг, поради што е потребно да се пристапи кон системско решение.

Во реакцијата Министерството се осврнува и на предлогот за зголемување на породолното отсуство, нагласувајќи дека законодавството целосно е усогласено со конвенциите на МОТ, а времетраењето на породилното отсуство е поголемо во однос на повеќето европски држави.

„Согласно со Програмата на Владата, ќе поттикнеме заедничко користење на родителско отсуство на двајцата родители. Ќе ги зголемиме капацитетите на детските градинки и нивната застапеност во помалите градови и руралните средини. Ќе го зголемиме работното време и бројот на вработени во јавните детски градинки низ целата држава, со цел да ги пресретнеме потребите на родителите“, стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.