Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

МЗ: Не е пријавен случај на почината пациентка од слепо црево

klinika(4)

Министерството за здравство соопшти дека досега ниту кај нив, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), не е пријавен ниту регистриран случај на пациентка од околу 25 години која, како што објавиле некои медиуми, наводно починала пред два дена од пукнато слепо црево и труење на крвта.

Според некои информации на кои се однесува известувањето од Министерството, девојката пред два дена била донесена во Клиничкиот центар во Скопје и по кратка евалуација била пуштена дома, а попладнето починала од пукнато слепо црево и труење на крвта.

„До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ниту регистриран ваков случај или пациент. Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од Министерството за здравство и ДСЗИ“, се наведува во соопштението.