Број на текстови објавени денес: 81
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

МВР НА Р.М , БИЛТЕН НА НАСТАНИ ВО МАКЕОДНИЈА ЗА ДЕН 10.01.2017

mvr(63)

На 10.01.2017 година во 12,50 часот во Скопје на ул.„Гоце Стојчевски“ поточно  во филијала на „Македонски пошти“ едно непознато лице со закана со огнено оружје од вработената го одзел прометот и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

 

На 11.01.2017 година околу 05,15 часот во Битола на ул.„Климент Охридски“, поточно во казино „Слот“ две непознати лица маскирани и вооружени со  пушка, извршиле разбојништво над вработената, одзеле сума на пари од околу 100.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

 

На 10.01.2017 година е пријавено дека околу 08,00 часот во Демир Хисар на ул.„4-ти Јули“ во дворното место, самоубиство со давење во бунар со вода извршил Д. Т. (59). Смрт била констатирана од страна на лекар од ИМП од ЗД-Демир Хисар, а увид извршила увидна екипа од ОКТУПА од СВР Битола.

 

На 10.01.2017 година околу 11,00 часот во Скопје во КЦ-„Мајка Тереза“ починал М.А. (73) од Гостивар кој бил на отслужување на казна затвор во КПУ “Идризово“ во времетраење од 4,5 години. Истиот на лекување бил донесен на 02.01.2017 година, прво на Клиника за нефрологија, а откако му се влошила состојбата, на 03.01.2017 година бил префрлен на „КАРИЛ“, каде и починал. Телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

На 10.01.2017 година околу 18,30 часот во с.Лескоец-охридско, во сопствената куќа, бил пронајден починат П. В. (66), кој бил државјанин на Р.Македонија и Австралија. Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од ИМП. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на ЈО,  телото на починатиот е дадено за обдукција.

 

На 10.01.2017 година од 15,20 часот на патниот правец Кочани-ГП-Делчево е воведена забрана за ТМВ.

 

На 10.01.2017 година од 15,30 часот на патниот правец Виница-Берово и Виница-Кочани е воведена забрана за ТМВ.

 

На 10.01.2017 година од 18,50 часот на патниот правец од „Дојранска раскрсница“ кон ГП-Дојран е воведена забрана за ТМВ.

 

НК за КР Гостивар при СВР Тетово до ОЈО Гостивар поднесе кривична пријава против А.Б. (49) од с.Чегране, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 24.11.2016 година околу 15,30 часот во непосредна близина на чајџилницата во село Чегране-гостиварско, настанала вербална расправија помеѓу него и неговиот брат поради нерасчистени имотни правни односи, при што пријавениот физички го нападнал својот брат, а во еден момент од возилото успеал да земе и еден штрафцигер со кој се обидел повторно да го нападне брат му. Во натамошното вршење на кривичното дело бил спречен од неговиот татко, а оштетениот случајот го пријавил ПС Гостивар.

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Д.П. (44) во Гостивар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “одземање на малолетник“. На 21.11.2016 година околу  11,30  часот во училиштето во село Долна Бањица, пријавениот без дозвола на мајката со која се разведени, а истата со решение имала старателство врз нивната седумгодишна ќерка, насилно го извадил девојчето од училницата и заминале во непознат правец по што истиот одбивал детето да биде вратено на неговата мајка.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р. (38) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени осум кривични дела тешка кражба. Имено, пријавениот во периодот од 10.05.2014 до 14.07.2014 година, во време меѓу 11,00 до 15,00 часот, во централното градско подрачје, во Градскиот трговски центар извршил осум тешки кражби на велосипеди. При извршувањето на кривичните дела сторителот користел погоден алат и физичка сила, и притоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 96.000 денари.

 

НК за КР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Ј.Д. (55) од с.Кокошиње-кумановско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”. Пријавениот во текот на април 2016 година, од оштетениот С.М. (40) од с.Конопница-Крива Паланка, купил 130 јагниња, за кои на трансакциона сметка требало да му префрли 141.700 денари. На 18.05.2016 година, истиот преку правно лице „Мелани Компани“ ДООЕЛ Куманово, на трансакционата сметка му префрлил само 90.000 денари, а останатите 51.700 денри, до денот на поднесување на пријавата не биле префрлени, ниту пак оштетениот добил било каква и да е компензација во средства или храна.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.А. (38) од Гевгелија-полициски службеник во ПС ОН Гевгелија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 24.08.2016 година, во времето од 03,30 до 12,30 часот пријавениот распореден во мото патролна служба во близина на клучката „Прдејци“ запрел и контролирал три патнички возила за кои констатирал три прекршока по член 36 од ЗБСП. За истите прекршоци изготвил записници кои лицата ги потпишале, но не изготвил мандатни платни налози поради тоа што немал кај себе, по што откако се вратил во станица ги пополнил истите и во графата за потпис на сторителот напишал одбива да потпише, со што го сторил наведеното кривично дело.

НК за КР-Берово поднесе кривична пријава против правниот субјект Друштво за производство, инжинеринг, услуги и трговија „Конструктор Рената и др.“ ДОО-Скопје  со  со седиште Скопје и против одговорното лице во правното лице Р.И.(58) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “непреземање мерки за заштита при работа“. На 20.11.2016 година околу 13,50 часот во с.Смојмирово-беровско  на ул.„Димитар Влахов“ каде од страна на вработените во наведениот правен субјект се изведувале градежни работи поставување канализациона инсталација во с.Смојмирово, во необезбеден земјен ров-канал длабок 3-4 метри во кој работеле три лица се одронила поголема количина на земја и целосно го затрупал работникот Ј.С. (39) од Крива Паланка кој и покрај укажаната реанимација од страна на брзата помош – починал. Од преземени мерки било утврдено дека пријавените при изведувањето на градежните работи не се придржувале кон прописите и мерките за заштита при работа со непоставување на заштитни уреди, поради што како последица била предизвикана смрт на Ј.С.

НК за КР Делчево поднесе кривична пријава против три лица С.Ѓ. (23), С.Д. (25) – и двајцата од Делчево и С.С. (39) од Македонска Каменица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 26.12.2016 година околу 02,30 часот пред влезот од ресторант лоциран на ул.,,Самоилова“ во Македонска Каменица физички го нападнале оштетниот А.Т. (30) од Македонска Каменица, нанесувајќи му тешка телесна повреда во пределот на левата нога, како и телесни повреди во пределот на градниот кош и главата.

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Б. (30) од с.Добридол поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Имено на ден 16.08.2016 година околу 09,20 часот на локален пат во село Добридол-гостиварско, пријавениот управувал патничко возило марка “Форд“ и при движење наназад, без претходно да се увери за сигурноста со превземеното дејствие на останатите учесници во сообраќајот, со задниот дел од камионот удрил и го соборил пешакот Л.Џ. кој од ударот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал во Медицински Центар Гостивар.