Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Македонија и Црна Гора го интензивираат туризмот

туристи(10)

„Поттикнување на соработката во туризмот преку претставување на вкупните стопански потенцијали на Тиват“ е темата на денешниот бизнис форум што го организира Амбасадата на Црна Гора во Македонија во соработка со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

На форумот се очекува да стане збор и за воведувањето на авионската линија Скопје – Подгорица – Сараево.

„Целта на форумот е согласно Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Македонија и Црна Гора, кој е во примена осум години, да се поттикне пред се соработката во туризмот, но и во прехранбениот сектор кој директно и индиректно е поврзан со развојот на туризмот и угостителството. Ваквата активност треба да овозможи поголемо движење луѓе, стоки и услуги во двата правца, што како крајна цел ќе придонесе за зголемен обем на економската соработка меѓу Црна Гора и Република Македонија, зголемување на бројот туристи во двете насоки и развој на нови видови туристички производи“, информираат од Комората.

На бизнис форумот ќе присуствуваат истакнати претставници од областа на угостителството и туризмот од Македонија и Црна Гора.