Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Куманово ќе добие парк со спомен обележја за бранителите

па(16)

Во среда (16.08.2017 година) пред комплексот базени започнуваат работните активности за проектот „Парк со спомен обележја”, напиша градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски на својот профил на Фејсбук.

Куманово ќе добие парк со спомен обележја за бранителите што ги дале своите животи за градот и Македонија, кој ќе се наоѓа помеѓу новиот затворен базен и градската сала. Целиот простор е предвидено хортикултурно да се уреди, а во иднина на оваа локација ќе се најдат неколку спомен обележја на македонските бранители.

Со проектот ќе се доврши уредувањето на околниот простор околу градскиот базен, кој минатата година беше пуштен во употреба.