Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

КСС обвини дека нема социјален дијалог и најави протести

ксс(2)

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска најави протести доколку и натаму се спречува социјалниот дијалог и се кршат законите и Деловникот за работа на Економско-социјалниот совет .Најави и генерален штрајк на национално ниво веднаш по завршувањето на локалните изборите.

– Доколку надлежните органи и нивните претставници на локално ниво и дел од раководствата во јавниот сектор продолжат со досегашниот начин на кршење на правните документи, КСС ќе преземе легитимни и легални мерки, како што се организирање протести пред надлежните државни институции кои се директни носители на споменативе состојби, ќе организира генерални штрајкови на ниво на јавниот сектор вклучително генерален штрајк на национално ниво во сите дејности – рече на прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски.

Тој најави и кривични постапки против сите оние кои досега имаат направено кривични дела.

КСС бара од Владата и од надлежните министерства итно и неодложно почнување на преговори за зголемување на платите на вработените во јавната администрација и почнување на преговори за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за јавниот сектор со посебен акцент на утврдувањето на правото за регрес за годишен одмор попознат како К-15.