Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Кралска ноќ во Скопје, Реал ја одбрани титулата во Суперкупот! (Видео)

HC26247-640x427

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа со 2-1 над Манчестер Јунајтед на Филип Втори арената во Скопје и ја освоија четвртата титула во Супер купот.

Кралскиот клуб заслужено ја одбрани титулата, бидејќи имаше повеќе од играта во текот на целиот меч и стана првиот тим по Милан во 1990 година кој ја одбранил титулата од европскиот Супер куп.

Тимот на Зинедин Зидан тргна многу поофанзивно, прво Касемиро во 16. минута ја погоди гредата со шут со глава, а истиот играч и донесе водство на својата екипа во 24. минута со погодокот од сомнителна ситуација.

Реал ја сочува предноста од еден погодок и со тој резултат замина на пауза.

По одличното проигрување со Герет Бејл, Иско ја измами одбраната на Јунајтед и во 52. минута зголеми на 2-0.

Само една минута откако Герет Бејл ја погоди гредата, на спротивната страна Ромелу Лукаку ја затресе мрежата на Кејлор Навас.

Најголемата шанса за израмнување ја имаше Маркус Рашфорд во 80. минута кога излезе сам пред Навас, но голманот на Реал беше поуспешен.

Во 83. минута во игра влезе и најголемата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо, а шпанскиот гигант го сочува водствоти и на крајот се радуваше на пехарот.