Број на текстови објавени денес: 39

КОСТАДИНОВ- во функција е ставена целосната механизација на комуналец се со цел справување со снегот

15941306_1175851452468283_2952799255775469092_n

Почитувани граѓани на општина Струмица.Би сакал да ве информирам дека ,во функција е ставена целосната механизација на комуналец се со цел справување со снегот,како и механизација од приватни фирми кои имаат склучено договор со општината.Она што би сакал да ве информирам дека сите приоритетни улици се исчистени и континуирано се чистат и се фрла сол и ризла во вечерашните и во утринските часови како и во текот на денот.За разлика од други општини кои имаат населени места кои се целосно одсечени ,ние како општина немаме таков проблем.Морам да напоменам дека особено голем проблем претставува ледот кој на одредени места го има од 5 до 7 цм.Нашите служби вложуваат максимални напори за справување со истиот.Апелирам на граѓаните кои живеат во споредните улички низ градот ,да внимаваат при паркирањето на возилата ,од причина што истите претставуваат проблем за механизацијата да може да навлезе и да ги исчисти споредните улички.Ве уверувам дека можете да бидете спокојни ,затоа што ние сме модерна општина ,општина која се грижи за секој граѓанин и нема да дозволиме било каква попреченост во функционирањето.

Коста Костадинов