Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Конте: Никоj нема да е среќен да го има Челзи за противник

1 конте(2)

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте изрази задоволство поради пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите и порача дека неговиот тим нема да биде посакуван ривал во елиминациската фаза.

– Нормално, кога се пласираш во 1/8-финалето, да очекуваш средба со најдобрите тимови. Кој ќе биде наш противник ќе одлучи жрепката. Откако ќе го дознаеме ќе размислуваме за него. Само знам дека никој нема да биде среќен ако падне да игра со нас, рече италијанскиот стручњак.

Челзи синоќа одигра 1:1 со Атлетико Мадрид и го загуби првото место во групата Ц, каде се најде Рома по победата над Карабах.

– Се обидовме да победиме. Создадовме многу шанси за гол и поради тоа сум задоволен, без оглед што не ги освоивме трите бода. Треба да с еима во предвид дека игравме против многу силен тим, додаде Конте.