Број на текстови објавени денес: 0

Кина: Бајка од ледени скулптури ФОТО

%d0%b3%d0%b32
Градот Харбин во Кина по 33-ти пат го одржува најголемиот фестивал во свет на кој се прикажуваат снежни и ледени, осветлени скулптури на животни, цртани ликови и реплики од мраз на познати светски локации.
На фестивалот, што лани привлече повеќе од милион посетители, има лизгалица долга 340 метри која ја правеле околу 500 луѓе.
– Се чувствувам среќно – изјавил Лу Фу, кој веќе 20 години изработува скулптури од мраз, а годинава работел на џиновски замок.
Изработката на скулптури од мраз, додал Лу Фу, е гордоста на луѓето од Харбин.
Скулптори од целиот свет се собираат и се натпреваруваат на фестивалот. Мразот се носи од реката во градот. Според „Чајна дејли“ повеќе од 50 луѓе работеле 20 дена за да обезбедат доволно мраз за потребите на фестивалот.
Фестивалот официјално е отворен од 5 јануари 2017 година, а ќе трае до 25 февруари.