Број на текстови објавени денес: 31
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Караџовски: Оцените за судиите се од доверлив карактер

download-3349

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски денеска, по изјавата на изјави на експретседателката и кандидат за претседател на Врховниот суд, Лидија Неделкова, изјави дека не е прекршен Уставот, бидејќи оценките на судиите биле од доверлив караткер.

– Согласно законот за судовите и деловникот за работа на Сускиот совет на Република Македонија мора да се испочитуваат одредбите за нејавност на седниците во овој дел, особено што решенијата кои се изготвуваат со оцените се од доверлив карактер. Секој ја добива оцената во затворен плик. Тоа е така уредено и со законот и со деловникот на работа и од тие причини не може јавноста да биде присутна. Имаше приговори од кандидати од сите судови освен од кандидатите за претседател на Основен суд Тетово. За другите огласени места за претседатели имаше приговори, но само од дел од кандидатите. Дел од приговорите се уважени, а дел не – рече Караџовски.